Ивана Васева и Филип Јовановски

Истражувачки проект награден на конкурсот за II Годишна награда “Ладислав Баришиќ“ на AICA Македонија за 2015 година.

Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука

Во овие посебни времиња од поновата македонската историја, односно во последната декада, духот на колективизмот е на испит. Потребата од него е голема, а се чини дека историјата за него е мала и слаба. Тој постои во меморијата и во народното мнение, но, најчесто  е недоволно јасно артикулиран (со епско-митска компонента); толку е неконтинуиран колку што брза (и успева во тоа) да замине во маргините, и да постои во „славата“ на сеќавањето на неколкумина возгордеани за некои „славни“ времиња.

Но, благо заобиколувајќи ја стапицата на сеприсутната себенегација (за разлика од исто така постоечката реторика на себевоздигнувањето), може да се констатира дека овој дух се јавувал во земјава  во различни периоди, во различни форми и интензитети.

Она што се отвора пред нас во форма на ова истражување е еден посебен домен – уметноста, и нејзината локална манифестација во периодот од 1945 година до денес, вклучувајќи ги и активно промислувајќи ги најскорешните уметнички појави како и пројавата на колективното уметничко делување отсликана во сензибилитет во неа, и тоа: во форма на постоење на уметнички групи, но и нивното пошироко функционирање во форма на иницијативи, платформи, колективи и неформални групи.

Истражувањето ја испитува важноста на ваквите групи и фокусот го лоцира во причините за нивното формирање кое понатаму диференцира две крајности, секако имајќи предвид дека секоја група подразбира организациона структура. Едната крајност е група чие формирање е организациска одлука и чија цел е взаемно помагање на своите членови во нивната индивидуална продукциска и изложувачка практика, и другата крајност е група чие формирање е политичка одлука која има за цел да промени одредени аспекти во костелацијата во која создава, и да креира нови околности за продуцирање и восприемање на уметноста, и со тоа создава политички односи и релации.

(Извадок од уводот. Превземи го текстот во PDF)

 

Ivana Vaseva and Filip Jovanovski

Research project awarded with the Ladislav Barisic Annual Prize of AICA Macedonia for 2016.

Collective Action as Political not Organizational Decision 

In these special times of the latest Macedonian history, especially in the last decade, collective spirit has been put up to a test. It is highly demanded, but it seems that its history is small and weak. It exists in the memory and in the public opinion, however, mostly it is not articulated in a sufficiently clear manner (with an epic-mythical component), discontinued to the extent that it runs away (and succeeds) to the margins and exists in the “glory” of the memory of the few proud, for some “glorious” times.
However, this spirit, gradually bypassing the trap of the pervasive self-negation (unlike another existing rhetoric of self-indignation), it can be established that this spirit was present in this country in different periods, forms and intensities.
What lies ahead of us in this research is the special area – art and its local manifestation in the period from 1945 to this date. The research includes and actively rethinks the most recent artistic occurrences – and the appearance of the collective art actions and their sensibility in the form of art groups and reviews them in a broader manner in the form of initiatives, platforms, collectives and informal groups .
The research examines the importance of such groups and focuses on their very establishment, which differentiates two extremes – making a difference that each group is an organizational structure – the group, whose establishment is an organizational decision and whose objective is the mutual assistance its members provide for each other in their individual production and exhibition practice and another one where the group is formed as a political decision, aiming to change aspects in the constellation where it creates and aiming to create new environment for production and receiving art, thus creating political relations and relationships. In this sense it is especially important to make a distinction between the terms “politics” and “the political”. “The political” is the dimension of antagonism which is constitutive of human societies while “politics” is the set of practices and institutions through which an order is created, organizing human coexistence in the context of a conflictuality provided by the political.

(Excerpt from the introduction. Download entire text in PDF)