Небојша Вилиќ
Едиција Текстови за уметноста 10. Издание на С3П
Исчекори: Македонската фотографија 1990-2005 е последната книга на Небојша Вилиќ во која се зафаќа со некои од прашањата за развојот на медиумот на фотографијата во и од деведесеттите години на 20 век наваму и нејзиното „влегување“ во музеите. Симболичката вредност на овој чин засега други две прашања: Зошто е музејот толку важен?; и Како тоа фотографијата „влегува“ во него? Од една страна, се работи за проблемите на историзацијата на фотографијата, а од друга, за измената на карактерот на вредностите во рамките на уметничкото производство, воопшто, а особено на онаа на фотографијата.
Овие две содржини се предмет на анализа и расправа во овој текст.
Преземете ја бесплатно во пдф формат.