Симпозим 2024: Уводно излагање на Натали Рачјчиновска Павлеска. 19.11.2024, Даут Пашин Амам, Скопје
Предадена или (оп)круж(е)на маса? : Потрага по моделот: „Жива слика“ [tableau vivant] или гласот на критиката?
На крајот од минатиот милениум американскиот уметнички критичар Доналд Куспит (1935) се осврна на прашањето за кризата на критичкиот дискурс, укажувајќи дека негодувањето: – „Криза!“ како „волкот што завива“, е „претипично за да биде чуено“. Инсистирањето на кризата, според Куспитовите хипотези, би значело одбивање да се согледа неопходноста од критичката задача, признавање на неможноста јасно да се разбере суштинскиот подвиг и на уметноста и на критиката, процес што неминовно води кон замаглување на критичкиот дух.
Веројатно наједноставно би било да се потврди дека ликовната критика е дисциплина во изумирање, но се чини дека сè уште опстанува еден значаен сегмент во кој средствата за промоција на уметноста или алтернативниот „критички“ модел на уметноста во нејзините „критички“ облици не успева да ја отповика нужноста или, пак, да ја замени неопходноста од присуството и застапеноста на дневната или периодичната критика. Отсуството на критичките платформи, на стручните списанија и наменски публикации одново е повод да се продискутира предавањето–како–напуштање или опкружувањето–како–заобиколување на горливите теми поврзани со опстојувањето на критичкиот дискурс во неговите соодветни облици.
Оттука, дискурсот на годинешниот симпозиум се повикува на постојните „критики на критиката“ во поширок теоретски и практичен контекст, поставувајќи ги можните паралели за согледување на настанувањето и настојувањето на кризата и кај нас, преку обидите за лоцирање на специфичните причини за нејзиното т.н. „исчезнување“ додека (сè уште) постои.
Аспектите на одигрување [tableau vivant] или дејствување на гласот на критиката во заедничката, и за критиката и за уметноста – општествена стварност, ќе бидат императив за потрага по моделот.
Актуализацијата на разговорниот дискурс ќе се одвива преку темите: втурнување во и одговор на кризата, моделот на „хидра со седум глави“, неизбежноста и кризата во културата, автобиографскиот модел и нарцизам, консолидирањето со пазарот на уметноста, приспособувањето според естетските искуства, копнежот по објективноста, интелектуалното самозатворање, опортунистичката и задоцнета критика, моделот во институциите, постапките на деадминистрирање, моделот без заклучок…
Наспроти процесите на деградација и декомпонирање, императивите на овој симпозиум ќе бидат насочени кон промислување на поимите: функција, поучност, променливост и аспектуалност, координати, систем и структура.
Од клучно значење за истрајноста и издржаноста на критиката е разгледувањето на: критичарот како оценувач vs критичарот како судија, критиката како претходник, дијалектичкиот модел, пресоздавањето на уметничкото дело и релацијата со општествените феномени.
Македонскиот контекст сведочи за густи и активни историски и општествени етапи кои стојат како потврда за присуството на критичките гласови, но на историзацијата на критиката и/или моделот на критика на критиката, и покрај постојните примери, ѝ е неопходна појасно согледлива и аргументативно издржана временска дистанца за да ги протолкува и историзира целосните критички опуси реализирани преку наменските или алтернативните простори за пишување критика. Она што би можело да ја потврди истрајноста на критиката низ сите општествени и историски етапи е: мудроста на нејзината волја vs непопуларноста, самокритичноста, критиката како дидактички модел и педагошко средство, аспектите на перформативност и неопходноста од заземање став, позиционирањето помеѓу делото и неговата надворешност, толкувањето како изведба, занаетот, критичката решетка, примената на знаење за знаењето, позиционирањето на авторскиот глас, архитектониката на медиумот…
Критичките практики од 18 и 19 век на: Ла Фон д’Сен-Јен (1688 – 1771), Дени Дидро (1713 – 1 784), Гистав Планш (1808 – 1857), Шарл Бодлер (1821 – 1867) се претпоставениот пролог до различните модели евидентирани преку поновите аналитички контексти и авторските рефлексии на: Џон Дјуи (1859 – 1952), Јосип Видмар (1895 – 1992), Арнолд Ајзенберг (1911 – 1965), Мејер Абрамс (1912 – 2015), Ролан Барт (1915 – 1980), Жан-Франсоа Лиотар (1924 – 1928), Фредрик Џејмисон (1934 – 2024), Едвард Саид (1935 – 2003), Луси Липар (1937), Кетрин Белси (1940 – 2021), Виктор Бургин (1941), Бруно Латур (1947 – 2022), Џејмс Елкинс (1955), Хал Фостер (1955), Џејн Рендел (1967) и други.
Натали Рајчиновска-Павлеска
****
Surrendered or (sur)round(ed) table?: A Quest for the Model: Tableau vivant or the Voice of Criticism?
At the end of the last millennium, the American art critic Donald Kuspit (1935), addressed the issue of the crisis of critical discourse by pointing out that the outcry – “Crisis!”, like the “crying wolf”, is “too typical to be heeded”. According to Kuspit’s hypotheses, insisting on the crisis would mean refusing to see the necessity of the critical task, admitting the impossibility to clearly understand the essential feat of both art and criticism, a process that inevitably leads to the clouding of the critical spirit.
The easiest thing would probably be to confirm that art criticism is a dying discipline, though it seems that there is still one significant segment remaining where the means of art promotion or the alternative “critical” model of art in its “critical” forms fails to revoke the necessity or replace the essentiality of the presence and representation of the daily or of the periodical criticism. The absence of critical platforms, of professional magazines and dedicated publications, is once again a reason to discuss about the surrendering-as-abandonment or the surrounding-as-avoiding of the burning issues related to the survival of the critical discourse in its respective forms.
Therefore, the discourse of this year’s simposium refers to the existing ‘critiques of criticism’ in a wider theoretical and practical context, setting potential parallels for understanding the evolution and the persistence of the crisis in our country as well, by trying to pinpoint the specific reasons for its so-called ‘disappearence’ while (still) existing.
The aspects of performing [tableau vivant] or acting the voice of criticism in the common, for both criticism and art – social reality, will be imperative for the search for the model.
The actualization of the conversational discourse will take place through the following topics: diving into, and responding to the crisis, the “seven-headed hydra” model, the inevitability and crisis in the culture, the autobiographical model and narcissism, the consolidation with the art market, the adjusting according to the aesthetic experiences, the longing for objectivity, the intellectual self-closure, the opportunistic and belated criticism, the model in the institutions, the de-administrating procedure, the model with no conclusion…
Against the processes of degradation and decomposition, the imperatives of this simposium will focus on pondering the terms such as: function, didactic value, changeability and aspectuality, coordinates, system and structure.
Taking into consideration the critic as an assessor vs the critic as a judge, criticism as a predecessor, the dialectic model, the recreation of the artwork and the relation to the social phenomena, is of crucial importance for the persistence and the validity of the criticism.
The Macedonian context testifies to dense and active historical and social stages that are a confirmation of the presence of critical voices, but the historicization of criticism and/or the model of the criticizing of criticism, despite the existing examples, needs a more clearly perceptible and argumentatively sustained temporal distance in order to interpret and historicize the complete critical works realized through the dedicated or alternative spaces for writing criticism. What could confirm the persistence of criticism through all social and historical stages is: the wisdom of its will vs unpopularity, self-criticism, criticism as a didactic model and pedagogical tool, aspects of performativity and the necessity to take a stand, the positioning between the work and its appearance, interpretation as performance, the craft, the critical grid, the application of knowledge about knowledge, the positioning of the author’s voice, the architectonics of the medium…
The critical practices of the 18th and 19th century of Étienne La Font de Saint-Yenne (1688 – 1771), Denis Diderot (1713 – 1784), Jean Baptiste Gustave Planche (1808 – 1857), Charles Baudelaire (1821 – 1867), are the presumed prologue to the various models noted through the newer analytical contexts and the author’s reflections of: John Dewey (1859 – 1952), Josip Vidmar (1895 — 1992), Arnold Isenberg (1911 – 1965), Meyer Howard Abrams (1912 – 2015), Roland Barthes (1915 – 1980), Jean-Francois Lyotard (1924 – 1928), Fredric Jameson (1934 – 2024), Edward Said (1935 – 2003), Lucy Rowland Lippard (1937), Catherine Belsey (1940 – 2021), Victor Burgin (1941), Bruno Latour (1947 – 2022), James Elkins (1955), Hal Foster (1955), Jane Rendell (1967) and others.
Natali Rajchinovska-Pavleska