(English translation below)
На 60-тата ликовна манифестација Биеналето во Венеција 2024 година, Република Северна Македонија ќе биде претставена со проектот INTER SPEM ET METUM, (Помеѓу надежта и стравот), на Славица Јанешлиева. Комесар на проектот е д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на НУ на Република Северна Македонија, а куратор е д-р Ана Франговска, виш куратор во Националната галерија на Македонија. Локацијата на павилјонот е иста како и на претходното 59-то Биенале, и последното архитектонско издание, т.е. во Scuola dei Laneri, лоцирана на одлична и прометна локација Santa Croce 131 A.
Овогодинешната тема на 60-тото издание на традиционалното, престижно Венециско биенале, во дисциплината ликовни уметности, е „Странци насекаде“ или STRANIERI OVUNQUE под кураторска палка на Адријано Педроса. Како што вели самиот куратор, концептот се однесува на глобалната ситуација, која се карактеризира со бројни кризи поврзани со движењето на поединци низ држави, нации, територии и граници. Овие кризи ги истакнуваат опасностите и предизвиците поврзани со јазикот, преводот и етничката припадност и ги откриваат варијациите и нееднаквостите под влијание на фактори како што се идентитетот, националноста, расата, полот, сексуалноста, богатството и слободата.
Краток опис на проектот
Концептот INTER SPEM ET METUM на Славица Јанешлиева преку својот контекстуално-визуелен паноптикон започнува од едноставната детска бајка на Ханс Кристијан Андерсен „Грдото пајче“ од 1844 година, која е толку важна за правилниот развој на детската психологија, како една од првите морални приказни од детството кои се клучни за развивање на свеста на возрасните за нивните сопствени капацитети, вредности и особености. Бајката е позната во целиот свет, па дури и често се користи за предавање странски јазици на имигрантите кои се преселуваат во друга земја. Приказната „Грдото пајче“ уште од детството не соочува со другоста/различноста, со чувството да се биде странец, односно со прифаќање или неприфаќање на различното. Дали различноста е пол, изглед, однесување, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување… Дали сме родени со свест за националност, религија, јазик?
Зарем ова не е идеалот кон кој сите се стремиме кога станува збор за повеќедимензионална убавина? Сите ние имаме грди делови со кои мораме да се соочуваме повторно и повторно. Сите ние се чувствуваме сами во светот во еден или друг момент. Потоа, еден ден не излегуваме толку убави однадвор, туку почнуваме да зрачиме со чувство на припадност одвнатре. Сфаќаме дека има место за нас на оваа планета, место кое не чека цело време. Гледаме дека нашите стравови не се ништо друго освен сенки.
Оваа концептуална матрица сосема адекватно допира до идиосинкретизмот на СТРАНЕЦОТ насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас.
At the 60th art session of the Venice Biennale 2024, the Republic of North Macedonia will be represented by the project INTER SPEM ET METUM, (Between hope and fear), by our artist Slavica Janeshlieva. The commissioner of the project is Dr. Dita Starova Qerimi, director of the NU National Gallery of the Republic of North Macedonia, and the curator is Dr. Ana Frangovska, senior curator at the National Gallery of Macedonia. The location of the pavilion is the same as the last two sessions of the 59th art exhibition, as well as the last architectural edition, i.e. Scuola dei Laneri, located in an excellent and busy location Santa Croce 131 A.
This year’s theme of the 60th edition of the traditional, prestigious Venice Biennale, in the fine arts discipline, is “Foreigners Everywhere” or STRANIERI OVUNQUE – FOREIGNERS EVERYWHERE, curated by Adriano Pedrosa. As the curator himself says, the concept refers to the global situation characterized by numerous crises related to the movement of individuals across countries, nations, territories and borders. These crises highlight the dangers and challenges associated with language, translation and ethnicity, and reveal the variations and inequalities influenced by factors such as identity, nationality, race, gender, sexuality, wealth and freedom.
Brief description of the project
The INTER SPEM ET METUM concept developed by Slavica Janešlieva through its contextual-visual panopticon starts from Hans Christian Andersen’s simple children’s fairy tale “The Ugly Duckling” from 1844, which is so important for the proper development of children’s psychology, as one of the first moral stories of childhood is so crucial in developing adults’ awareness of their own capacities, values and peculiarities. Known all over the world, and even often used to teach foreign languages to immigrants moving to another country. The story “The Ugly Duckling” has not faced otherness/difference, the feeling of being a stranger since childhood. That is, the acceptance or non-acceptance of the different. Whether the diversity is gender, appearance, appearance, behavior, disease, nationality, religion, language, political belief… Are we born with consciousness of nationality, religion, language?
Isn’t this the ideal we all strive for when it comes to multidimensional beauty? We all have ugly parts that we have to face again and again. We all feel alone in the world at one point or another. Then one day we don’t come out so beautiful on the outside, but start radiating a sense of belonging from the inside. We realize that there is a place for us on this planet, a place that has been waiting for us all along. We see that our fears are nothing but shadows.
This conceptual matrix quite adequately touches on the idiosyncretism of the STRANGER everywhere, in me, in you, in them, in us.