English translation below

На последниот состанок на АИКА Македонија, оддржан на 15. 02. 2024 година, Јованка Попова, досегашната претседателка на здружението, поднесе оставка, а за нова претседателка беше предложена и едногласно избрана од присутните членови, Ана Франговска.

Ана Франговска (1978, Скопје) е историчарка на уметност и кураторка. Дипломирала на Институтот за историја на уметност и археологија во 2001 година, на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала на истиот факултет во 2017 година. Таа е доктор на науки по современи уметности и медиуми, на Факултетот за уметности и медиуми во Белград, од септември 2023 година.

Франговска е виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија од 2006 година и предава на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет, од 2016 година. Курирала и организирала голем број институционални и независни проекти во земјата и во странство, на локални и меѓународни уметници. Таа била ко-куратор на Павилјонот на Република Северна Македонија на 59-то Венециско биенале (заедно со Сања Којиќ – Младенов), со проектот „Пејзажно искуство“, на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во 2022 година, како и куратор на Павилјонот на Македонија на 55. Биенале во Венеција во 2013 година со проектот „Silentio pathologia“ на уметницата Елпида Хаџи-Василева.

Франговска е куратор на Националниот павилјон на Северна Македонија на 60-то Венециско биенале 2024 година, на проектот INTER SPEM ET METUM на уметницата Славица Јанешлиева.

Од 2012 година, таа е ко-основачка и членка на Институтот за уметност и култура „Арс Акта“. Основачка е и организатор на меѓународна уметничка колонија во Галичник, западна Македонија.


At the last meeting of AICA Macedonia, held on February 15, 2024, Jovanka Popova resigned from president of the association, and Ana Frangovska was proposed and unanimously elected as the new president by the members present.

Ana Frangovska (1978, Skopje) is an art historian and curator. She graduated from the Institute of Art History and Archeology in 2001, at the Faculty of Philosophy at the University of “St. Cyril and Methodius” in Skopje. She received her master’s degree at the same faculty in 2017. She is a Doctor of Science in Contemporary Arts and Media, at the Faculty of Arts and Media in Belgrade, from September 2023.

Frangovska has been a senior curator at the National Gallery of the Republic of North Macedonia since 2006 and has been teaching at the Institute of Art History and Archeology, Faculty of Philosophy, since 2016. She has curated and organized a number of institutional and independent projects in the country and abroad. She was co-curator of the Pavilion of the Republic of North Macedonia at the 59th Venice Biennale (together with Sanja Kojić – Mladenov), with the project “Landscape Experience”, by artists Robert Jankuloski and Monika Moteska in 2022, as well as curator of the Pavilion of Macedonia at the 55th Biennale in Venice in 2013 with the project “Silentio pathologia” by the artist Elpida Hadji-Vasileva.

Frangovska is the curator of the National Pavilion of North Macedonia at the 60th Venice Biennale 2024, of the INTER SPEM ET METUM project of the artist Slavica Janeshlieva.

Since 2012, she is a co-founder and member of the Ars Acta Institute of Arts and Culture. She is the founder and organizer of an international art colony in Galicnik, western Macedonia.