Драги колеги,
Ве известуваме дека Годишното Собрание на АИКА Македонија ќе се одржи на 15 февруари 2024 (четврток) со почеток од 12:00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.
Истовремено напоменуваме дека оваа година собранието е изборно, па вашето присуство ќе биде од голема важност.
Нацрт – дневен ред на состанокот:
1. Отворање на состанокот;
2. Информација за тековната состојба на здружението, годишната програма на АИКА во 2023 и планираните активности на АИКА Македонија за 2024 година;
3. Информации од собранието на AICA International
4. Избор на нови членови
5. Избор на претседател на здружението
6. Разно.