Последниот број на списанието The Large Glass Journal (Големото стакло) во издание на Музејот на современата уметност Скопје е фокусиран на „Новата Реалност“, односно реалноста обликувана од серија настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, затворените граници, антагонизмите и национализмот, како и погрешните политики кон животната средина. Овој предизвикувачки контекст не само што создава ситуација на „политичка вонредност“, туку и потреба за уметнички практики кои изразуваат „состојба на вонредност“.
Автори кои преку различни прилози се застапени во новиот број се: Џон Пол Рико, Паула Серафини, Јонас Стал и Флоријан Малзехер, Шираз Гринбаум и Орен Зив, Фарес Чалаби, Алфредо Крамероти, Игор Штромајер, Борис Гројс, Мира Гаќина, Немања Цвијановиќ, Владимир Јанчевски, Кетрин Николс, Ким Нилсен, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Валентино Димтровски, Зоран Петровски и Лилјана Неделковска.
Списанието излегува на англиски јазик и може да се набави во продавницата на МСУ или бесплатно во ПДФ формат на вебстраната на музејот: