See below for English translation
Павилјон на Република Северна Македонија на 59. Биенале во Венеција
Scuola dei Laneri, Fondamenta del Gaffaro, Santa Croce 131, Venice
23. април – 27. ноември, 2022
Landscape Experience
Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска
„Човекот е единственото суштество кое свесно се однесува кон своето постоење“, а во контекст на филозофијата на егзистенцијата ако продолжиме со Сартровото размислување за слободата на човекот во смисла на личен избор, бирање на можности и превземање на одговорност за случувањата и ризикот за своето постоење, се извлекува заклучокот или контрадикцијата за бесмисленоста или апсурдот на човековата егзистенција, што честопати и во многу примери низ историјата на човештвото се потврдува. Со овој и со уште многу други подслоеви се занимава проектот „Landscape Experience“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. Станува збор за мултимедијален проект кој во себе вклучува видео инсталации, објекти и фотографии. „Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, здраво-отровно се присутни и во досегашните истражувања на уметниците, а во проектот „Landscape Experience“ уште повеќе се продлабочуваат. Покрај „трансформираните пејзажни паноптикуми“ проектот се занимава и со телото – човекот како симбол на моќ, но и на фрагилна и лесно совладлива сила, како и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во еко системот. Оттука, со овој мултинаративен транс-тактичен проект тандемот Јанкулоски-Мотеска на критичко-дискурзивен начин укажуваат на опасностите кои демнеат доколку не се превземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Може ли убавото да биде истовреме и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена? Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се веројатно едни од клучните диспозитиви на проектот „Landscape Experience“.
РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ роден е во Прилеп, 1969 година. Дипломирал на факултетот за Драмски уметности во Скопје на катедрата по камера во 1996. Магистрирал во 2011 на Универзитет за аудиовизуелни уметности – ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје. Основач е на Македонскиот центар за фотографија, 2000 година. Реализирал 36 самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби насекаде во светот: Скопје, Белград, Нови Сад, Виена, Њујорк, Истанбул, Брисел, Варшава, Загреб, Панчево, Париз, Рим, Пловдив, Лион, Ротердам… Добитник е на неколку награди од областа на визуелните уметности. Во моментов е редовен професор на Факултетот за филмски уметности при Интернационалниот универзитет “Еуропа Прима” во Скопје.
МОНИКА МОТЕСКА е родена во Прилеп, 1971 година. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност – сликарски оддел во Скопје, 1996. Се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација. Имала 18 самостојни изложби во земјата и во странство, а учествувала на голем број групни изложби од локален и меѓународен карактер.
Носител на проектот: НУ Национална галерија на Република Северна Македонија
Комесар: д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија
Куратори: м-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија и д-р Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Р. Србија и кустос на проектот Evrovizion во одделението за визуелна уметност на IFA Штутгард
Поддржано од: Министерство за култура на Република Северна Македонија
Pavilion of the Republic of North Macedonia at the 59th International Art Exhibition – La Biennale di Venezia
Scuola dei Laneri, Fondamenta del Gaffaro, Santa Croce 131, Venice
Landscape Experience
Robert Jankuloski and Monika Moteska
23 April – 27 November, 2022
“Man is the only being who consciously refers to its existence”, and in the context of the philosophy of existence if we continue with Sartre’s thinking about human freedom in terms of personal choice, choosing opportunities and taking responsibility for events and the risk to human existence, the conclusion or contradiction of the meaninglessness or absurdity of human existence is drawn, which is often confirmed in many examples throughout the history of mankind.
The project “Landscape Experience” by Robert Jankuloski and Monika Moteska reflects on this topic as well as many other sub-layers. It is a multimedia project that includes video installations, objects and photos. The “aesthetics” of the abandoned (neglected) landscapes, placed in a new context, with new layers of transcription of the dispositions life-death, beautiful-ugly, healthy-poisonous are present in the previous research of the artists, and in the project “Landscape Experience” they venture even deeper. In addition to the “transformed landscape panopticons”, the project questions the body – man as a symbol of power, but also as a fragile and easily vincible force, as well as the dominance of capital, colonial policies, ideologies and technology that influence the distortion of balance of human life, wildlife and natural environment within the ecosystem. Hence, with this multinational trans-tactical project, the Jankuloski-Moteska tandem point out, through a critical-discursive approach, the dangers that lurk if serious systemic steps are not taken to overcome the greatest challenges of the Anthropocene, which are a tax on capitalism and government policies, the uncontrolled misuse of the natural resources of the planet Earth in the form of mindless wars (explicit or implicit, real or psychological, physical or chemical) in the name of someone’s ideals, in which we are all victims, and most of all the youngest, the innocent and the idealists. Can the beautiful be at the same time insidiously ugly, can the aesthetic become a servant of evil, but with the intention of finding the right path to transform into a warning? All these questions, by re-examining the thesis of the banality of evil, are probably one of the key dispositions of the “Landscape Experience” project.
ROBERT JANKULOSKI graduated from the Faculty of Dramatic Arts in Skopje, Camera Department and earned his Master of Arts degree in 2011 at the University for Audiovisual Arts – ESRA Paris-Skopje-New York, Skopje. In 2000 he founded the Macedonian Centre for Photography. He has had 36 individual exhibitions and participated in many group exhibitions around the world: Skopje, Belgrade, Novi Sad, Wien, New York, Istanbul, Brussels, Warsaw, Zagreb, Pancevo, Paris, Roma, Plovdiv, Lyon, Rotterdam… Winner of several awards in the area of visual arts and film. Presently he is full professor at the Faculty of Film Arts at the International University “Europa Prima” in Skopje.
MONIKA MOTESKA born in Prilep, 1971. She graduated from the Faculty of Fine Art – Department of Painting in Skopje, 1996. She works with painting, photography, video and installations. She has realized 18 solo exhibitions in: Skopje, Vienna, Prilep, Tetovo, Belgrade, Strumica, New York, Budapest, Ohrid and Novi Sad. She has participated in many group exhibitions.
Project holder: NI National Gallery of the Republic of North Macedonia
Commissioner: Dita Starova Qerimi, PhD, Director of the NI National Gallery of the Republic of North Macedonia
Curators: Ana Frangovska, MA, Senior Curator at the National Gallery of the Republic of North Macedonia and Sanja Kojic Mladenov, PhD, Curator Advisor at the Museum of Contemporary Art in Novi Sad, R. Serbia and curator of the Eurovision project at the ifa Stuttgart Department of Visual Arts
Supported by: Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia