ЗАПИСНИК од Годишниот состанок на AICA Македонија за 2021 година.

На состанокот на МАК – АИКА Скопје, одржан на 10 декември 2021. во Музејот на современата уметност – Скопје
беа присутни следните членови: Марика Бочварова Плавевска, Јане Чаловски, Мелентие Пандиловски, Иванка Апостолова, Мира Гаќина, Бојана Јанева-Шемова, Јованка Попова.


На состанокот беше усвоен предложениот дневен ред по што следуваа информации за реализираните годишни активности во 2020 и 2021. и планираните активности на АИКА Македонија за 2022 година.
На состанокот беа приложени информации за одобрените проектни активности на АИКА Македонија, за тековната 2021 година:

  • средства за годишни членски маркици од Министерство за култура
    -средства за доделување на наградата „Ладислав Баришиќ“ и годишен
    симпозиум од Министертсво за култура и Град Скопје
    Членството беше информирано за поднесување апликација за наградата
    „Ладислав Баришиќ“ и на отворениот конкурс од град Скопје и Министерство за
    култура и Годишна членарина во Министерството за култура.
    Управниот одбор приложи документ за увид на финансиската состојба од
    приходите и расходите за тековната 2021 година, со завршна добивка од 39.720
    денари.
    Претседателката Јованка Попова даде извештај за нејзиното присуство на
    Состаноците на Aдминистративниот Совет на AIKA International кои во 2020 и
    2021 година се одржуваа онлајн со нагласок дека се најавува одржување на следниот
    конгрес во организација на АИКА Чиле и Аргентина.
    На собранието се изврши избор на претседател и управен одбор. Јованка
    Попова беше реизбрана во својство на претседател, и беше избран нов управен одбор
    со Мелентие Пандиловски во својство на потпретседател, Бојана Јанева – секретар и
    Иванка Апостолова – благајник на здружението.
    На состанокот беа предложени и едногласно изгласани од членството на
    македонската секција на АИКА Натали Рајчиновска Павлеска и Владимир
    Јанчевски. На предложените членови ќе им биде побарана комплетна документација
    која ќе биде пратена на увид согласно со вообичаената процедура до AICA
    International за да се овозможи нивен евентуален прием.
    Под точка разно се расправаше за потребата од директно обраќање и
    подобрување на комуникацијата со Министерството за култура за да се даде до
    знаење значењето на здружението и подршка на активностите кои ги остварува.
    Истовремено се зборуваше за можноста за здружување на програмските активности
    со оние на ИКОМ и ИКОМОС за поедфикасно заедничко делување пред стучната и
    пошироката јавност.