По распадот на југословенската секција на AICA на почетокот од 1990-те години, членовите од Македонија го формираат Македонското здружение на ликовни критичари, кое официјално станува Секција на Меѓународното здружение на ликовни критичари на конгресот во Порто Рико на 2. октомври 1993 година.
AICA Македонија е невладино граѓанско здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на современата и модерната уметност. Во согласност со матичната асоцијација на AICA, основните цели на Здружението се:
- Промовирање и унапредување на методите на ликовната критика;
- Одбрана на етичките и професионалните интереси на членовите;
- Поттикнување на професионални односи надвор од политичките, етничките, верските и економските ограничувања;
- Бранење на слободата на мислење и спротивставување на секаква цензура.
Прв претседател од основањето на Здруженито во 1993. до 1996., и потоа негов почесен претседател е проф. др Борис Петковски (1931-2005). Во периодот 1996/2006, со Здружението претседава Викторија Васева Димеска; од 2006 до 2008 – Зоран Петровски; од 2008 до 2013 – Дејан Буѓевац; од 2013 до 2018 – Мира Гаќина; од 2018 до 2024 – Јованка Попова, кога функцијата ја превзема актуелната претседателка Ана Франговска.
Од основачките 10 члена, AICA Македонија денес брои 33 члена.
Програмските цели на актуелното претседателство на AICA Македонија се насочени кон
- потесна и ефикасна соработка на членството во афирмацијата на значењето на професијата во општесвото и во неговите културни текови;
- интензивирање на меѓународната и посебно регионалната соработка;
- подобрување на меѓусебната информираност на членството;
- организирање или учество во реализацијата на изложби, издавањето публикации, трибини, конференции и предавања.