статут

Член I

1. Македонското здружение на ликовни критичари (Секција на Меѓународното здружение на ликовни критичари – AICA) [понатаму во текстот како Здружение] – е основано според условите на овој Статут и во согласност со Статутот на нејзиното матично тело, Меѓународното здружение на ликовни критичари [понатаму во текстот како AICA], невладина организација во рамките на УНЕСКО, со седиште во Париз. Здружението е невладино, непартиско и неполитичко граѓанско здружение на: ликовни критичари, публицисти, предавачи, историчари на уметноста и кустоси и дејствува во полето на современтата и модерната ликовна уметност.

2. Како дел од AICA, Здружението има свој Статут, кој верно го одразува Статутот на матичната организација. Овој Статут мора редовно да се дополнува и изменува за да го следи Статутот на AICA и истиот формално да биде одобрен од административниот совет на AICA.

Здружението има својство на правно лице и поседува своја сопствена жиро сметка.

Здружението има свој сопствен печат и штембил, со текст испишан на македонски јазик и на кирилично писмо. Печатот на Здружението е тркалезен по форма, со пречник од 2,5 см, изработен од гума за да се добие отпечаток на хартија и гласи: Македонско здружение на ликовни критичари – Скопје. Штембилот е правоаголен по форма со димензии 2х5,4 см и гласи: Македонско здружение на ликовни критичари – Скопје.

3. Седиштето на Здружението се наоѓа во: Музејот на современата уметност, Самоилова б.б., п.ф. 482, 1000 Скопје.

4. Задачи на Здружението се:

а. промовирање на ликовната критика како дисциплина и давање придонес во нејзината методологија;
б. промовирање на етичките и професионалните интереси на своите членови и одбрана на нивните права;
в. одржување на активна национална и меѓународна мрежа за своите членови, со помош на расположливите системи за комуникација, и поттикнување на директни средби;
г. придонес кон заедничкото разбирање на ликовната уметност од аспект на естетиката во сите култури;
д. поттикнување на професионални односи надвор од политичките, географските, етничките, економските и верските граници;
ѓ. непристрасно бранење на слободата на изразување и мислење и спротивставување во однос на секаква цензура.
5. Здружението ги реализира своите цели и задачи преку разни активности: објавување на текстови и критики преку јавните медиуми; објавување на студии, ревии и монографии за ликовната уметност во специјализирани списанија, соработка со издавачките организации; организирање на разни изложби и манифестации; учествување на разни манифестации во полето на ликовната уметност (предавања, колоквиуми, симпозиуми, уметнички колонии, учество во жири комисии во рамките на работи поврзани со уметноста); учество во стручни совети и други слични институции, установи и здруженија итн.

6. Здружението ги обавува своите активности во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, овој Статут, како и Статутот на централното Собрание на AICA. Здружението е основано на неограничен период.

Член II

1. Здружението е составено од поединечни членови, членови-дарители и почесни членови. Бројот на членовите не е ограничен. Секој член со своето членување во Здружението го прифаќа Статутот на Здружението.

2. Кандидатите за членство мора да бидат државјани на Република Македонија и мора да достават доказ за континуирана активност во текот на претходните три години, во една или повеќе од следните области:

дневни/периодични весници или емитувања на радио, ТВ или видео, или во електронските и дигиталните медиуми;
објавување на трудови по историја на уметноста, естетика или критика;
предавање/настава по: ликовна критика, историја на уметноста, естетика и кураторство на сите степени на високото образование;
кураторска работа и анализа на образовни или научни дела, вклучително и продуцирање на научни или критички текстови за музеи или галерии, чија главна цел не е суштествено комерцијална;
3. Кандидатите се избираат со тајно гласање, со двотретинско мнозинство од членовите кои се лично присутни при избирањето. Членството во Здруженето се смета за привремено сè додека не се ратификува од Генералното собрание на AICA, кое постапува според препорака од Комисијата за членство и избори на Здружението и Управниот одбор.

4. Членството во Здружението се губи на препорака на Управниот одбор на Здружението до неговото Годишно собрание, кое понатаму го проследува до Административниот совет на AICA, поради:

оставка;
повреда на статутарните одредби;
неплаќање на членарина за две години.
Приговор кон таквата одлука може да се поднесе, во рок од 15 дена од приемот на истата, до Генералното собрание на AICA, чија одлука ќе биде конечна.

5. Права и обврски на членовите на Здружението:

учество во работата и во донесувањето на одлуките кои ги усвојуваат органите на Здружението;
учество во имплементирањето на целите и активностите на Здружението;
иницијативи и предлози во рамките на Здружението;
да гласаат и да бидат изгласувани во органите на Здружението;
реализирање на сите други права и обврски во согласност со овој Статут.
6. Права и обврски на редовните членови во однос на AICA:

учество во имплементирањето на целите и задачите на AICA;
учество во работата и во одлуките кои ги усвојуваат органите на AICA;
плаќање на членарина поради реализација на своите потенцијални права;
реализирање на сите други права и обврски во согласност со статутарните одредби на AICA.
Член III

Органи на Здружението се: Собрание и Управен одбор.

1. На врвот на Здружението се наоѓа Управен одбор, составен од:

претседател,
потпретседател,
секретар,
благајник,
други службеници, со или без звања, според потреба.
Членовите во Управниот одбор ги извршуваат своите функции врз доброволна основа и за нивната работа одговараат пред Собранието на Здружението.

2. Претседателот и членовите на Управниот одбор се избираат по пат на тајно гласање, со дветретинско мнозинство на оние членови кои се присутни на Годишното собрание.

3. Управниот одбор се избира за период од 3 години, кој може да се продолжи само уште еднаш. Тие можат да бидат повторно избрани во некоја следна прилика по прекин од најмалку две години.

4. Претседателот на Здружението го свикува и раководи со Собранието и е одговорен за актите на Здружението. Тој мора да игра активна улога во животот на Здружението и да обезбеди нејзино беспрекорно работење.

5. Во случај претседателот да е отсутен на подолг период, активностите ги координира потпретседателот или секретарот на Здружението.

Потпретседателот е и втор потписник на жиро сметката на Здружението.

6. Секретарот води записници за состаноците на Здружението, прима пошта и извршува други административни, технички, организациски и други работи.

7. Благајникот поднесува писмен извештај за финансиското и материјалното работење на Здружението и е одговорен за истите. Писмениот извештај се поднесува до Годишното собрание на усвојување.

Финансиското работење на Здружението е јавно и се извршува во согласност со правилникот за финансиско работење.

Секој прилив и одлив на финансиски средства во сметката на Здружението, мора да биде поддржан со писмен документ.

Благајникот на Здружението е одговорен за благајната и извршува плаќања на сметки кои се прегледани и потпишани од претседателот, потпретседателот или секретарот на Здружението.

Благајникот учествува во изготвувањето на годишниот финансиски извештај наменет за Годишното собрание на Здружението.

8. Задачи на Управниот одбор се следните:

да свикува и приготува седници на Собранието;
да изготвува нацрт-акти кои ги усвојува Собранието;
да ги спроведува одлуките на Собранието;
да организира водење на материјално книговодство и финансиско работење на Здружението;
да поднесува препораки до Годишното собрание за исклучување на членови поради повреда на статутарните одредби;
да доставува иницијативи до Собранието на Здружението за номинирање на кандидати кои ќе се стекнат со статус на редовен член на Здружението;
да извршува други функции во согласност со Статутот.
9. Собранието на Здружението е највисок орган. Собранието може да биде редовно или вонредно. Редовно Собрание се свикува најмалку еднаш годишно. Вонредно Собрание се свикува секогаш кога ќе биде потребно. На Собранието, покрај редовните членови, можат да присуствуваат и други гости. Редовно или вонредно Собрание се свикува од Управниот одбор. Тоа може да се свика и по барање на најмалку 5 члена.

10. Обем на активностите на Собранието:

избира работно претседателство од редовите на присутните членови кое ќе претседава со работата на Собранието;
избира кандидати и изборна комисија, како и записничар и оверувач на записникот од Основачкото собрание на Здружението;
го избира Управниот одбор на Здружението;
прогласува почесни членови и почесен претседател на Здружението;
предлага кандидати за редовни членови на Здружението за телата на Генералното собрание на AICA, кои ќе стекнат статус на редовни членови;
ги разгледува и усвојува извештаите за финасиското работење и состојбата на активата на Здружението;
донесува одлуки во врска со поднесени барања, приговори и жалби;
усвојува планови и програми за работата на Здружението, како и заклучоци и одлуки;
го усвојува Статутот на Здружението како и измените и дополнувањата на истиот;
донесува одлуки за стапување во сојузи и здруженија со други граѓански друштва;
обавува и други функции во согласност со овој Статут.
Член IV

1. Членовите на Здружението еднаш годишно се свикуваат на Годишно собрание.

2. Вонредно Годишно собрание може да се одржи на барање на претседателот, на мнозинството од членовите на Управниот одбор или на четвртина од членовите на Здружението кои имаат платено членарина.

3. Членовите на Управниот одбор на Здружението се избираат од членовите кои се присутни на Годишното собрание. На ова Собрание, претседателот го доставува својот извештај за активностите на Здружението во текот на последните три години, кои потоа се читаат.

4. Членовите кои се присутни на Годишното собрание гласаат тајно по предлозите на Управниот одбор за нови кандидати за членство во Здружението.

По изгласувањето на предлозите со дветретинско мнозинство од пристуните членови, Управниот одбор испраќа покани за зачленување на избраните членови. Новите членови, по сопствено убедување и согласност, пристапуваат кон Здружението со поднесување на барање за пристапување. Врз основа на овие барања, Управниот одбор понатаму ги препорачува на Административниот совет на AICA.

5. Присутните членови на Годишното собрание ја одредуваат висината на сумата на членарините во наредната година. Ова ја вклучува и сумата која членовите на Секцијата ја плаќаат на Дирекцијата на AICA.

6. Освен Годишното собрание, Здружението може да одржи и дополнителни седници, на кои се покануваат сите членови.

Член V

1. Средствата на Здружението се состојат од:

а) членарините,

б) сите законски одобрени средства и

в) сите дотации кои Здружението има право да ги прима.

2. Сите членови, освен почесните членови, плаќаат фиксна годишна членарина, која се одредува на Годишното собрание. Здружението може, по сопствено наоѓање, да се откаже од дел или од целата членарина на почесните членови, но сепак таа мора да ги предаде соодветните членарини за овие почесни членови до Дирекцијата на AICA. Членовите-дарители се очекува да даваат годишни прилози во финансиите на Здружението поголеми од оние кои се утврдени за редовните членови.

Член VI

1. Управниот одбор може да предложи измени во Статутот на Здружението. Сите вакви предлози мора да бидат испратени, во писмена форма, до сите членови на Здружението барем еден месец пред Годишното собрание на кое треба да се расправа и гласа за нив. Сите измени на Статутот предложени на овој начин мора да бидат одобрени од страна на дветретинско мнозинство од присутните на собранието.

2. Членството на Здружението може и самото да иницира предлози за измени на Статутот. За да биде успешен, секој ваков предлог мора да биде поддржан од две третини од членовите кои се присутни.

3. Извори за финансирање на активностите на Здружението се:

а) членарина,

б) прилози,

в) подароци, спонзорства и слично,

г) други приходи (буџетски надоместоци, конференциски такси итн.)

4. Со средствата наведени погоре управува Управниот одбор на Здружението, кој ги користи за финансирање на редовните активности предвидени со програмата за работа на Здружението, како и за покривање на административните трошоци.

5. Одговорни за издавање наредби за користењето на овие средства се претседателот (потпретседателот) и секретарот на Здружението.

Член VII

1. Здружението може да се распушти, по предлог на членовите на Годишното собрание со гласови (во корист на распуштањето на Здружението) од најмалку три четвртини од членовите присутни на тоа Собрание.

Во случај на распуштање, средствата на Здружението ќе се доделат, во согласност со законот, на организација чиишто цели се поврзани или компатибилни со целите на Здружението.

Во ваков случај, средствата на Здружението дадени на чување ќе бидат регистрирани и внесени во извештај кој треба да се изготви за ваква цел.

2. Здружението ќе престане со работа во случај да ги исполни условите предвидени со Чл. 23 и Чл. 24 од Законот за социјални организации и граѓански здруженија, што значи:

а) ако се намали бројот на членовите под бројот неопходен за неговото основање и

б) ако членовите на Здружението тоа го одлучат.

КРАЈНИ И ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ

Овој Статут и неговите измени и дополнувања ќе стапат на сила на денот на нивното усвојување од Собранието на Здружението, односно негово регистрирање пред компетентниот орган.

Измени и дополнувања кон овој Статут се можни само ако се усвојат на ист начин како што е донесен овој Статут.

Скопје, 17 април 2006