членови

Соња Абаџиева (1941, Софија), историчар на уметноста, критичар и кустос. Од 1966 работи како кустос, од 1977 до 1985 е директор на Музејот на современата уметност. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Специјализации: Ecole du Louvre во Париз (1967), Musée national d’art moderne во Париз (1968), Tokyo Art Institute (1995/96). Автор е на 15 монографии за македонски уметници и на следните публикации и книги: Антологија на македонската уметност 1894-1994; Идеја-тека: Избор на документи за концептуалниот дискурс во Македонија; Трансформации-Модалитети на македонското сликарство; Трансформации 2-Модалитети на македонската скулптура; Длабоко дишење: Аспекти на женскиот дискурс во македонската uметност во 20. век; Континуитет (монографија за Музејот на современата уметност). Организирала повеќе изложби на македонската уметност во Македонија и во странство: Скопје, Битола, Грац, Рим, Брадфорд, Загреб, Белград, Минхен, Токио. Во 1978, 1993 и 2005 била комесар или заменик комесар на македонското учество на Биеналето во Венеција. Основач е и уредник на списанието Големото стакло од 1995. Во 1999 е избрана за член на Меѓународниот одбор на AICA. (abadzievasonia@gmail.com)


Захаринка Алексоска Бачева (1954, Прилеп). Дипломирала 1978 Филозофски Факултет во Скопје на Институтот за Историја на уметноста со археологија. Од 1978, континуирано, работи како кустос во Музејот на современата уметност, Скопје. Во 1990/91 учествува во подготовката и реализацијата на постојаната поставка на Музејот. Има организирано бројни изложби во Музејот и надвор од него со акцент на презентација на колекцијата на Музејот како и на одредени македонски автори. Автор е на ретроспективните изложби на Драгутин Аврамовски – Гуте (2002) и на Димче Николов (2008). Учествува како селектор на македонските учесници на Меѓународното биенале на графика, Варна, Бугарија, 1997 и на Меѓународното триенале на графики во мал формат, Шамалиер, Франција. Учествува во основањето и дејствувањето на Македонскиот национален комитет на ИКОМ (1993) и Македонскиот национален комитет на Синиот штит (2002). Уредник е на списанието на МНК ИКОМ Museologica Macedonica. Објавува текстови во списанието Големото стакло и Museologica Macedonica.


Емил Алексиев (1959, Скопје). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметноста со археологија. Истата година се вработува како кустос во Музејот на град Скопје. Магистрирал на темата – Визуелните поетики на Димитар Кондовски. Во периодот 1998-2001 работел како раководител на одделот за историја на уметноста во Музејот на град Скопје. Помеѓу 2001 и 2007 година, тој беше директор на Музејот на современата уметност во Скопје. Денес е куратор во Музејот на град Скопје. Како експерт за средновековната уметност, поствизантиска уметност (специјализирал на XIX век) и современа уметност, бил вклучен во различните полиња на музејската активност: колекцијата, истражувачка работа, независни проекти и организација на изложби и културни перформанси. Објавил повеќе од сто есеи, критики и теоретски текстови за визуелните уметности. Негови најистакнати дела се: студија за делото на Дичо Зограф, Сергеј Андреевски и Димитар Кондовски, како и монографијата за животот и делото на Димитар Кондовски, како и собраните есеи насловени како Куси резови. (emilalek@yahoo.com)


Ivanka Apostolova

Иванка Апостолова Баскар е ликовен антрополог/историчар на уметност; професор, организатор, уметник и преведувач. Докторира на ИСХ во Љубљана, Словенија. Таа е визитинг професор-доцент по Историја на уметност и дизајн, Современа уметност на ФАД/Европски факултет, Скопје. Како раководител на Македонскиот центар на ИТИ работи од 2013 г. Таа е програмски директор и уредник на Скопје креатива – Фестивал за креативни индустрии (2016/2018). Во 2016 беше комесар на Македонскиот павиљон, Арсенале  (Ничија земја на Стоун дизајн архитекти) на 15.Венециско биенале за архитектура. Од 2013 до 2016 г. таа беше ко-уредник на Медиантроп-Магазин за култура и нови медии, Белград, Србија; од 2017 г. таа е регионален уредник на глобалниот магазин за театар TheaterTimes.usa; таа е уредник на стрип книгата Personal Futurism/Public Politics, 2013. Таа е член на неколку академски и професионални мрежи во Европа и светот:  OISTAT International Амстердам, ZDUS Љубљана, ISTME/COST Брисел, RCAC Загреб, ICOMOS International и македонската секција. Соработува како сценограф, костимограф во Љубљана/Скопје во СМГ Драма Љубљана, МГЛ, ЛГЛ, СМГ, Глеј/Шкуц, Турски театар Скопје, НУ Театар Антон Панов-Струмица. Нејзините текстови се објавени во повеќе меѓународни и локални списанија, вклучувајќи ги и изданијата на ЕПК Скопје 2027, Музеј на Град Скопје, MKЦ  Скопје, SCCA Скопје, World of Theater ITI, Identities EUBA, Monitor ISH, Camera Lucida, Trans Europa Express, Zivot umjetnosti, ZK, Кинопис, Театарски гласник, Radio Student, Stripburger, ARC Kritika, Wog Art, Margina, Mugri, SCCA Lj Platforma, ZAYAK, Студентски збор.


Сафет Ахмети е роден 1967, во Макарска, Р. Хрватска. Тековно ги истражува врските помеѓу современата уметност и антропологијата за неговата докторска дисертација. Од 2003 до 2008 на Југоисточно Европскиот Универзитет во Тетово, ги предава предметите „Визуелна култура“, „Вовед во модерна уметност“ и „Култура и комуникации“. Во мај 2011 го формираше Центарот за визуелни студии-Скопје (ЦВС) како подружница на Загрепската организација. ЦВС-Скопје е дел од иницијативата Мрежа за визуелна култура во Европа и од Меѓународната асоцијација за визуелна култура. На Првата биенална конференција на оваа Асоцијација, одржана во Њујорк 2012, Сафет Ахмети раководеше со сесијата Интердисциплинарноста во/како визуелна култура. Негови текстови се објавени како поглавја од книги, предговори за каталози и во списанија. (ahmeti@vizualni-studiji.com)


Марика Бочварова Плавевска (1954, Skopje), историчар на уметноста, ликовен критичар и кустос. Дипломирала 1977 на групата Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1980 работи како кустос во Музејот на современата уметност во Скопје, во одделот за колекцијата. Меѓународни активности: престој во Канада (Уметничка галерија, Виндзор); Семинар во Санкт Петерсбург; Фејтвил, Партнерство меѓу музеите – куратор на проектот Festival-Pond-O-Mania (Уметност на куферот); асистент комесар на Биеналето во Венеција во 2005. Oрганизирала повеќе самостојни или групни изложби на македонската уметност, изложби од колекцијата на МСУ пропратени со публикации и книги. Основач е на едицијата Ликовна критика и ја приредува книгата за македонскиот критичар Ладислав Баришиќ: Вознемирен шаблон и на Азбучникот на колекцијата на МСУ, Скопје. Таа е е еден од ликовните критичари во списанието Големото стакло. (marika_bocvarova@yahoo.com)


Дејан Буѓевац (1967, Краљево) е историчар на уметност и ликовен критичар. Почнувајќи од 1994 година, напишал преку 150 текстови, прикази и есеи од областа на ликовна критика, архитектура, фотографија, филм… Како самостоен куратор, соработник или организатор, тој учествувал на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и надвор. Учествувал на повеќе конференции и панел дискусии за ликовната критика и третманот на културата во јавните медиуми во земјава и регионот. Работи како главен уредник на „Порта3“ – списание за архитектура, екологија, градежништво и уметност. (dbudjevac@gmail.com)


Викторија Васева Димеска, родена во Белград 1948. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград, катедра за Историја на уметност. Била на постдипломски студии на модерна уметност. Од 1974. работи во Музејот на современата уметност, Скопје. Од 1999 до 2002, директор на Уметничка галерија, Скопје. Куратор е на македонското учество на ОПЕН 2000, Венеција; Милениум ДОМ, Лондон,2000; Биенале Венеција 1998 и 2001 (Анета Светиева; Јован Шумковски); 2009; Синестезија, Виена, Скопје, Рим, Белград,Софија, 2009-2011; Love It or Leave It, МСУ, Скопје 2011; In Cities, Талин, 2011. Член на АИКА од 1976 година.Генерален секретар на АИКА(ЈУ) 1982-1986. (viktorijavdim@gmail.com)


Ивана Васева (1984) дипломирала на Факултетот за историја на уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Посетува студијска програма во областа на кураторството на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија (2011/2012). Куратор е на повеќе изложби во земјава и странство. Фокусот на нејзиниот кураторски интерес во последните неколку години се однесува на преиспитувањето на улогата на уметноста во поширокиот социо-политички и економски систем и нејзината улога во стимулирање промени во различни контексти. Таа го преиспитува овој однос, од една страна преку поврзаноста на современите истражувачки уметнички практики и мултидисциплинарноста со едукацијата а од друга страна преку развивањето на дискурзивни проекти кои директно рефлектираат кон политичко-економските и општествените односи во кои уметноста делува. (ivana.vaseva@gmail.com)


Елена Вељановска (р. 1979, Скопје). Во 2006 дипломира на факултетот за Историја на уметност и археологија во Скопје, Македонија. Во моментов е запишана на пост-дипломски студии на културата при ИССХС, Скопје. Активно работи од 2003 година на иницирање и реализација на проекти од областа на културата и изложби. Таа ја користи кураторската пракса како алатка за критички пристап. Нејзините специфични интереси и инспирации доаѓаат од сплотувањето на уметноста и технологијата, јавната уметност и општествено ангажираните практики, како и културната теорија и во последно време зголемен интерес за културна теорија, политиката на меморијата и јавниот простор. Нејзиното прво работно искуство е во Културниот центар Точка, Скопје (2003- 2006), а потоа во 2006 година ја основа Line I + M, платформа за уметност на новите медиуми и технологија со која таа раководи до 2010. Во 2009 година таа беше гостин-куратор во Stedefreund галерија во Берлин и ко-куратор на македонскиот павилјон на 53-та Меѓународна ликовна изложба во Венеција. Во 2010-11 работи како дел од тимот зад SEAFair – електронски уметнички фестивал ‘10 и ‘11-то издание, во Скопје. Почнувајќи од 2012 – 2014, таа е активно вклучена во работата на две организации: Во креирањето на Асоцијацијата на независната културна сцена Јадро, и културната организација Контрапункт, Скопје. Во 2014 година, таа беше уметнички директор на првото издание на Paratissima, саем на уметност во Скопје. Во моментов таа живее и работи во Берлин, Германија. (Link: veljanovskaelena.weebly.com
Contact: elenavel@gmail.com)


Мира Гаќина (1978, Скопје), историчар на уметноста и критичар. Дипломирала (2004) на Филозофскиот факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметноста со археологија. Магистрирала (2010) на загребското Свеучилиште, Филозофски Факултет, отсек музеологија, Р. Хрватска. Била ангажирана како надворешен соработник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, предмет: Историја и теорија на уметноста (2008/09). Од 2009 работи во Музејот на современата уметност во Скопје. Учествувала на повеќе конференции во земјата и странство и објавувала повеќе стручни текстови во дневни весници и списанија од културата и уметноста. Организирала повеќе групни и самостојни изложби како во музејот, така и во други институции во земјава и странство.


Dimitrov, Slavco-Clenovi

Славчо Димитров е асистент на Факултетот за правни и политички науки на ФОН Универзитетот. Асистент е на предметите по Современа политичка филозофија, Историја на политички теории, Род и политика, Политика и култура, и Политики на тела и емоции. Има дипломирано Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ, а магистрира првин на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа и на Трансдисциплинарни родови студии на Кембриџ Универзитетот во ВБ. Во моментов ја работи неговата докторска дисертација на тема Ан-архични тела: Корпореален материјализам, афекти и политичкото, на Одделот за трансдисциплинарни студии на современите медиуми и уметности на ФМК, Белград. Има работено како асистент на Институтот Евро-Балкан на последипломските Родови студии и Културни студии, и на Факултетот за медиуми и комуникации – СИНГУДУНУМ, Белград, на предмети од областа на квир теоријата, културните теории, отелотворување и род, критичка теорија итн. Во изминатата декада има координирано голем број на академски проекти, летни школи, и проекти од областа на човековите права и маргинализираните заедници. Основач е на интернационалната летна школа Summer School for Sexualities, Cultures and Politics во Белград, и е еден од основачите на IPAK.Center – Research Center for Identities, Cultures and Politics in Belgrade. Славчо Димитров има курирано неколку уметнички и културни проекти, и повеќе конференции во Северна Македонија, вклучувајчи ги: Афективни странци: уметноста на неуспехот, групна изложба во Националната галерија на Македонија, во 2014 (вклучително и уредено зборник текстови и каталог поврзан со изложбата), Архива на квир искуствата, во Чифте Амам, во 2012 годи., All Beauty Must Die, со Велимир Жерновски во 2014 година и др. Куратор е веќе шеста година по ред на Скопскиот викенд на гордоста, интердисциплинарен фестивал за квир уметност, култура и теорија. Програмскиот фокус на фестивалот е ставен на изведувачките уметности, како и визуелните и совреемени уметнички практики кои се фокусираат на телесноста, афектите и квир субјективитетот, а има вклучено изложби, перформанси и предавања на Vaginal Davis, Boryana Rossa, Cassils, Hélène Barriere and Victor Marzouk, Dominic Johnson, Aérea Negrot, Ephemeral Confessions, Del LaGrace Volcano, David Hoyle and the Lipsinkers, Ivo Dimchev, Travis Alabanza, Ron Athey, boychild, Rachael Young, PANSY, David M. Halperin и многу други. Димитров објавува текстови во областа на културните студии, политичката филозофија, студиите на перформансот, телесноста и афектите, квир теоријата итн. во регионални и интернационални списанија и книги. Автор е на книгата Невозможни исповеди: субјективитет, моќ и етика (2014). Во моментов Димитров е вклучен во два интернационални ЕУ поддржани проекти за Курирање во контекст и Геофилозофија на Балканот.


Валентино Димитровски (1954, Скопје), историчар на уметноста и критичар. Дипломирал 1977 на Историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1978 до 2004 работи во Институтот за заштита на спомениците на културата на РМ. Од 2005 работи во Министерството за култура-Управа за заштита на културното наследство. Од 1978 објавува текстови и критички осврти од областа на историјата на уметноста и архитектурата. Во позначајни трудови спаѓаат и следните публикации: Светот на Симон Шемов (Macedonian Review, 1992), 12 Peintеres Contemporains Macedoniens a Paris, Section macedonienne de l AICA, (SPADEM PARVI, Paris, 1995); Ордан Петлевски (монографија, Галерија Кловиќеви двори, Загреб и МСУ Скопје, 1999); Treatment of the Monumental Ottoman Architecture in the Urbanistic Practices in Macedonia, Şumen 2000; Феноменот на уметноста на ХХ век, Големото стакло, Скопје 2000. (v.dimitrovski@uzkn.gov.mk)


goranco-gjorgievski

Горанчо Ѓорѓиевски (1973, Штип), дипломирал на Филозофски факултет, Историја на уметноста со археологија на Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје, Македонија. Од 2001 до 2005 е уметнички соработник во Дом на младите, Штип. Вработен е во Националната галерија на Македонија, Скопје од 2005. Бил уметнички директор на Биеналното студио за цртеж (2004 и 2006), Центар за култура, Штип; ликовен соработник во списанието за уметност СУМ, Центар за културна иницијатива, Штип. Куратор е на повеќе изложби меѓу кои се вбројуваат: Македонскиот павилјон на 54то Интернационално Биенале за уметност – Венеција – Колектив ЗЕРО – The Trailer Files (2011), IRWIN – Icons (2007), Жанета Вангели (2006), Ацо Станкоски (2007, 2008) и др.


Бојан Иванов (1958, Скопје), историчар на уметноста и ликовен критичар. Додипломски и постдипломски студии на Институтот за Историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Работи како соработник на Институтот за историја на уметноста и археологија во Скопје (1986/93); соработник во енциклопедиското издание на „Речникот на уметноста“ – во моментов, издание под закрилата на Оксфорд Универзитетот, САД (1993/95); претседавач на првиот состав на Програмскиот Одбор на Сорос Центарот за Современи Уметности, Скопје (1994/98); вршител на должноста управител на Музејот на Македонија, Скопје 2002/04; претседавач на Управниот Одбор на Музејот на современа уметност, Скопје (2004/05). Објавени изданија: Осум предавања за историјата на уметноста, Музеј на современа уметност, Скопје (1997); Корени и ризоми (во коавторство со Бранислав Саркањац), Сорос центар за современи уметности, Скопје (2001); Мојот занает“, Културна установа Блесок, Скопје (2009). Од 1983 година, во домашниот дневен и стручен печат објавува осврти, прикази и есеи на темите од македонското современо ликовно творештво. Од 2007 година, како основач на Мала Галерија, ја води излагачката програма на ова друштво за дејности во културата. (malagalerija@t-home.mk)


Бојана Јанева (Скопје, 1977) историчар на уметноста и куратор. Дипломирала на Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет-Скопје (2000). Магистерски студии завршила на Уметност и култура, Maastricht University, Холандија (2010). Има работно искуство како куратор во Националната галерија на Македонија (2008/2009). Од 2012 година е еден од основачите на Арсакта, здружение за унапредување на културата и уметноста. Како самостоен куратор, соработник или организатор работела на реализацијата на повеќе самостојни и групни изложби во земјата и странство. Во 2009 година куратор е на македонското учество на Биеналето во Венецијa. (bojanajaneva@gmail.com)


Владимир Јанчевски (1984, Скопје) истражувач од Скопје, кој паралелно работи на полето на современата уметност и визуелните студии. Се интересира за интердисциплинарни уметнички практики и теорија на сликата, односот уметност и политика,  ангажирана уметност и интервенции во јавен простор, иконокластички акти и визуелни конфликти. Дипломирал на Институтот за историја на уметноста (Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје), каде што паралелно со постдипломските студии работел како демонстратор по предметите Современа уметност и Современа македонска уметност (2009-2011). Од 2004 организирал, курирал и учествувал на бројни настани, групни изложби, колаборативни проекти, предавања и јавни дискусии во земјата и странство. Бил член на јадрото на уметничката иницијатива КООПЕРАЦИЈА (2012-2015). Од 2011 година соработува со Центарот за визуелни студии – Скопје (дел од Европската мрежа за визуелна култура VCinE) и учествувал на неколку меѓународни конференции Iconology – Old and New, 23-31 мај 2013, Риjека, Будимпешта; Provocation as Art,28-30 мај 2015, Клуж; Handeln mit Bildern / Images as Agents, 28-30 јануари 2016, Кил; Критика и молк, МАНУ, ноември 2016, Скопје; The Revolutionary Imaginary: Visual Culture in an Age of Political Turbulences, ноември 2017, Вилнус;  Културата на распродажба, МАНУ, ноември 2018, Скопје итн. Oрганизирал јавни предавања во Скопје меѓу кои на уметникот Виталиј Комар (МСУ, 2012) и теоретичарот Џејмс Елкинс (МСУ, 2014). Во периодот од 2005 година организирал повеќе изложби, како куратор и автор на текстови, уредник на публикации. Автор е на повеќе од 50 текстови за современата уметност, теоријата на сликата, како и текстови за современите визуелни уметници (вклучувајќи ги Игор Тошевски, Групата ОПА, Никола Узуновски, Аљбан Муја, Владимир Лукаш, Иван Ивановски, Матеј Богдановски, Искра Димитрова, Гоце Наневски, Игор Сековски, Борис Шемов, Александра Петрушевска Ристовска, Артур Жмијевски, дарко Алексовски, Наташа Неделкова и др). Во 2019 година добитник е на наградата за развој на ликовната критика „Ладислав Баришиќ“ доделена од здружението на ликовни критичари АИКА-Македонија. Од почетокот на 2021 година е ангажиран како соработник на Музејот на современа уметност- Скопје, од 2022 како кустос во одделението за депо и збирки. (janchevski@gmail.com)


Др. Сузана Милевска е теоретичарка и кураторка на уметноста и визуелната култура. Предава историја и теорија на уметноста и дискурси на уметноста на додипломските и постдипломските студии на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј„, Скопје. Од 2006-2008 е директорка на Центарот за визуелни и културни истражувања на Институтот Евро-Балкан од Скопје. Докторирала на Одделот за визуелна култура на Голдсмит колеџот во Лондон. Во 2004 е добитничка на Фулбрајтовата стипендија како виш истражувач. Почнувајќи од 1992 кураторка е на повеќе од 70 проекти во Скопје, Истанбул, Стокхолм, Берлин, Бон, Штутгарт, Лајпциг, Лондон, Утрехт, Виена. Во 2004 е избрана за еден од кураторите на Балканското биенале Космополис во Солун, а во 2005 на Меѓународното биенале на современа уметност во Националната галерија во Прага. Објавува текстови во повеќе списанија, како Nu, Index, Flash Art, Umelec, Contemporary, Krasnogryda, springerin, Afterimage, Curare, n-paradoxa, Feminist Review, Third Text, Bidoun и др. Во 2010 го објавува нејзиниот докторат под наслов Родовите разлики на Балканот (Gender Difference in the Balkans, Saarbrucken, Germany: VDM Verlag) и ја уредува книгата The Renaming Machine (P.A.R.A.S.I.T.E. Institute, Ljubljana). Во 2011 Милевска е кураторка на изложбите Повикај го сведокот во БАК Утрехт (дел од Ромскиот павилион, 54Меѓународна уметнича изложба- Венециско биенале,Венеција, 2011) и Ромски протокол, во Австрискиот Парламент, Виена. (suzanamilevska@gmail.com)


Љиљана Неделковска (1954, Дубровник). Дипломирала 1979 историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, кадешто работи како асистент од 1980 до 1985. Од 1985 работи како кустос во Музејот на современата уметност, Скопје. Има организирано голем број на изложби на македонски уметници, како и учество во неколку меѓународни проекти (Обединувачки проект: македонско-американска уметничка релација, 2003; Креативноста и катастрофата – во рамките на програмата на Американската асоцијација на музеи – Меѓународна соработка на музеи за 2005-2007). Има објавено голем број на текстови во списанијата: Разгледи, Момент, Големото стакло, како и неколку публикации од доменот на библиографијата. Во 1997 го добива грантот од Гети фондацијата за нејзината истражувачка работа: Апстрактното сликарство во Македонија во 60-те години. (lile@msuskopje.org.mk)


Д-р Мелентие Пандиловски е куратор, критичар и теоретичар. Тој е директор на Video Pool Media Art Centre во Винипег, Канада. Има курирано повеќе од 150 изложби и организирано бројни конференции и работилници, во Европа, Австралија и Канада: “SEAFair” (Скопски саем на електронската уметност) (1997 – 2011); “Toxicity” (2013-14) и “Marshall McLuhan & Vilém Flusser Communication & Aesthetics Theories Revisited” (2012) Винипег, Канада; “Biotech Arts – Revisited” во Аделаида, Јужна Австралија (2009) итн. Во теоретските истражувања се занимава со испитување на врските помеѓу уметноста, културата, технологијата, индивидуалниот идентитет и свеста. Ко-уредник е на: Marshall McLuhan & Vilém Flusser Communication & Aesthetics Theories Revisited (2015), Уредник-консултант е на Artlink – Bio Art: Life in the Anthropocene (2014), Уредник на: Енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија, Скопје, Македонија (2012); Апарат на животот и смртта (2011), Art in the Biotech Era, Адеалаида, Австралија (2008), “Understanding the Balkans”, Скопје, Македонија (2002).
Предавал на тема: историјата и теоријата, “Филозофија на уметноста, науката и технологијата” на Универзитетот во Манитоба, Архитектонски факултет, во Винипег, Манитоба, Канада. Тој претходно предавал Мултикултурализам, биополитика и уметност, наука и технологија на Институтот Евро-Балкан во Скопје, Македонија, и “пост-модернизмот” во AIT Arts во Аделаида, Јужна Австралија. (melentie@gmail.com)


Љубен Пауновски (1958). Дипломирал историја на уметноста со археологија на Филозофски факултет во Скопје. Рецензии за ликовната уметност објавува уште како студент во весникот Студентски збор, каде работи како новинар и како уредник од 1981 до 1986. Од 1985 до 1997 е постојан ликовен критичар во неделна емисија за културата и уметноста на Македонско Радио-Радио Скопје, каде бил уредник на секторот за култура и уметност. Ликовни рецензии објавувал во: Разгледи и Современост, Млад борец и Вечер. Автор е на текстови во каталози за самостојни и групни изложби на македонски уметници и на уметници од поранешната СФРЈ. Автор е на монографиите за: Методија Ивановски-Менде, Скопје 1992; Трајче Јанчевски, Скопје 1996. Иницијатор е за востановување на Првото Меѓународно триенале на современа графика во Битола во 1993/4 (заедно со Владо Ѓорески), и негов прв Проект-организатор во 1994. Иницијатор и организатор на првиот настап на македонски уметници во аукционерската куќа ДРУО во Париз во 1995. Бил министер за култура 1999-2000 и министер за одбрана 2000-2001 во Владата на Република Македонија, и пратеник во Собранието на Република Македонија 1998-1999.


Натали Рајчиновска Павлеска (1982, Битола) е независен истражувач во областа на современите уметнички практики, ликовната критика, историјата на уметноста и теоријата. Дипломирала на Архитектонскиот факултет и магистрирала на Филозофскиот факултет на Институтот за Историја на уметноста, модул современа уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Докторанд е на Факултетот за Трансдициплинарни студии на современата уметност и медиуми при Универзитет Сингидунум во Белград. Предавач е на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на предметот Историја и теорија на уметноста. Автор е на монографски трудови, на уметнички книги за групни и самостојни изложби. Објавува научни трудови во меѓународни списанија, активно ја следи ликовната сцена и објавува рецензии во дневен печат. Дел е од кураторскиот тим на 15. Биенале за Архитектура во Венеција (2016). Предавач е на Европскиот семинар за куратори Креарт (2019). Учествува на бројни симпозиуми во земјава и странство. Нејзиното истражувачко искуство, втемелено во хуманистичките науки и филозофијата вклучува трансдисциплинарен пристап, транспозиција и вкрстување помеѓу актуелните теоретски струи и книжевни референтни системи, историското присуство и современите уметнички практики, општествените динамики и институционалните контексти. Нејзините трудови нудат преглед во областа на експерименталните уметнички практики и научните дисциплини како што се семиологија, наратологија, социологија, структурална лингвистика и пост-формализам, теорија на филм, теорија на рецепција, теории на медиумска интертекстуалност и жанровска конвергенција, интермедијалност, повторна медијација, итн. Аналитичкиот ризом гравитира кон истражување на концептуалните односи помеѓу историските авангардни практики и новите уметнички медиуми, со насоченост кон дијалектиката на изразните форми, општествено-политичката димензија на уметничкото дело и формациите во јавната сфера, уметноста како комуникативен модел, можните проширувања и дискурзивизација на историските концепти, ангажираниот одговор, монтажата како естетско средство, како социјален и дијалектички образец. (nrpavleska@gmail.com)


М-р Билјана Петровска Исијанин е дипломиран историчар на уметноста со археологија и магистер по студии на културата. Како директор на Центарот за современи јавни уметности Елементи, го истражува односот на индивидуата и современото општество, преку креирање на ситуации во кои поставениот кураторски концепт е база за создавање на уметничкото дело. Таа има курирано неколку меѓународни изложби во Македонија (од кои голем дел се случувале надвор од галерии), а една и во Јокохама (Јапонија), повеќе локални изложби низ Македонија. Основач е на Меѓународниот фестивал Став и Агол, и двата во Битола, Македонија. Учествувала на симпозиуми, изложби и работилници во Македонија, Чешка, Холандија, Англија и Италија. (biljana.elementi@gmail.com)


Зоран Петровски (Скопје, 1954), историчар на уметноста и кустос. Дипломирал 1980 на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност во Скопје. Од 1993 до 2000 е директор на Музејот на современата уметност. Како еден од оснивачките членови учествува во работата на редакцијата на списанието Големото стакло (1995 – 2011). Реализирал или учествувал во организирањето на повеќе изложбени проекти меѓу кои: Уметноста во средината на 80-те: Уметноста и критиката во Југославија; Апстрактното сликарство во Македонија; 9 ½: Нова Македонска уметност; Милчо Манчевски: Улица/Јован Шумковски: Ноќни визии; Лаф Муабет (со Лучезар Бојаџиев). Учествувал и во неколку меѓународни проекти како: Bound/less Borders; Regards projetés: art vidéo dans les Balkans; In the Gorges of Balkans. Во 1993 и 2009 куратор е на македонското учество на Биеналето во Венеција и во 1996 на 23. Биенале во Сао Паоло, Бразил. (zoran.zep@gmail.com)


Јованка Попова (1980, Скопје) е историчар на уметноста и куратор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за Историја на уметноста и Археологија. Магистрант е на Институтот за Историја на уметноста, насока – современа уметност. На истиот институт, била ангажирана како демонстратор по предметот “Македонска современа уметност”. Соработувала на повеќе научни и истражувачки проекти од областа на историјата на уметноста. Учествувала на неколку меѓународни конференции и работилници (Deschooling Classroom, Скопје и Белград; „Социјалните и духовните аспекти на материјалната култура”, Охрид; „Читање на градот: Урбан простор и меморија / Паметење“, Скопје и Берлин; Aesthetics and Techniques of Lines between Drawing and Writing, Kunsthistorisches Institut, Фиренца; International Symposium on Visual Culture, Mobility and Fantasy in Visual Culture, Истанбул; Интернационален симпозиум „Кураторски размени“, Скопје; Ecologies of the Visual-3td Visual Culture in Europe Meeting, Трондхејм). Курирала повеќе изложби од областа на современата уметност во Македонија. Работела на неколку домашни и интернационални кураторски проекти (Скопски Урбани Приказни, DVD Project, Alarm Container, ALARM 2:1, Скопје: Врвна колекција на лични сеќавања 1960-2000 вол.1 ). Автор е на повеќе текстови и предговори во каталози од областа на современата уметност и ликовната критика. Во моментов работи како дел од тимот на “Проектниот простор Прес ту егзит“. (jovanka.popova@gmail.com)


Нада Пешева (1976, Скопје), Дипломирала на групата Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (2000). Магистрира  Културна политика и менаџмент на Универзитетот на уметности  во Белград, Србија (2013). Во потесен интрес и делокруг на работа влегуваат современите уметности, културниот менаџмент и политика, културните индустрии и културното наследство. Од 2006 работи како Советник за култура во Град Скопје. Во 2005 во Министерство за култура на Република Македонија. Учествува на повеќе локални и меѓународни конфeренции/дебати за уметност и култура во земјава и странство. Има објавено текстови во списанија (Големото стакло, Фотон арт, Нова Македонија и др.), предговори во каталозии, публикации. Куратор и селeктор на повеќе групни изложби: Последната Источно-Европка изложба, МСУ, Белград, (2003); Биенале на млади уметници, МСУ, Скопје (2005); Бела ноќ, Скопје; Фестивал „Саревска зима“ и др. (nada.peseva@gmail.com)


Конча Пирковска (1954, Гостивар). Во 1980 дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Институтот за историја на уметност, во Скопје. Од 1984. е вработена на Факултетот за ликовни уметности. Во периодот 1996-2011. била член на различни национални и меѓународни жири комисии. Од 1984. до 2011. објавила над 200 текстови во каталози, дневни весници, списанија и зборници, меѓу кои позначајни публикации се: Vlase Nikoleski-sculpture, Ozatelier, Newcastle, Australia ((1998); Роберт Јанкуловски: Да ги залуваме спомените, Македонски центар за фотогарфија, Скопје (2000); The Conttinuity of Macedonian Painting in: Contemporary Macedonian artists, Shashouao press. London (2002); Поетиката на палимпсестот, во Дијана Томиќ Радевска, Д.Т.Радевска. Скопје (2004); Скулптурата на Петар Хаџи Бошков, Ѓурѓа, Скопје (2006); Скулптурата на Петар Хаџи Бошков: 1954-2004, Национална галерија на Македонија, Скопје (2009). (konca_pirkoska@yahoo.com)


Златко Теодосиевски (1952), виш кустос, историчар на уметност и критичар во Националната галерија на Македонија, Скопје. Од 1976 објавувал бројни критики и есеи за македонската и меѓународната уметност во дневни весници и списанија. Бил куратор на повеќе изложби во Македонија и во странство: Избор ’97; ОПЕН 2000; Жанета Вангели: Интегрализам, Биенале Венеција 2003; Славица Јанешлиева; Дијана Томиќ-Радевска, Меморариум; Дијалози: македонската уметност денес; Жестоко историско ехо и др. Бил директор на Националната галерија на Македонија, Скопје, и заменик-министер во Министерството за култура на Македонија. (gena@on.net.mk)


Tihomir Topuzovski photo (1)

Тихомир Топузовски има докторирано на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и на Академијата за ликовни уметности во Скопје, каде има одбрането и магистерски труд. Во периодот 2015 – 2017 работел како постдокторант и предавач на Универзитетот Содерторн во Стокхолм, Шведска. Од 2016 година работи на проектот Temporary urbanism lab на Универзитетот во Бирмингем, кој се однесува на политизацијата на просторот и уметничките интервенции во урбани контексти, додека од 2018 е главен и одговорен уредник на списанието Големото Стакло и ангажиран во склоп на интердисциплинарната програма во Музејот на современа уметност. Досега има објавено поголем број трудови во меѓународни списаниа и со свои дела има настапувано на повеќе  групни и самостојни изложби во земјава и странство. Неговите истражувачки интереси се фокусираат на пресекот помеѓу филозофијата, политиката и визуелните уметности. Добитник е на повеќе награди, стипендии и истражувачки грантови.


Ана Франговска (1978, Скопје), историчар на уметноста и кустос. Дипломирала 2001 на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за Историја на уметноста. Од 2001 до 2005 работи како демонстратор на Институтот за Историја на уметноста и археологија. Од 2004 работи како професор во Интернационалното училиште НОВА. Од 2006 rаботи како куратор во Националната галерија на Македонија, мултимедијален центар Мала Станица. Од 2000 е организатор и куратор на Интернационалната резиденција и работилница во Галичник. Нaпишала повеќе од 30 предговори во каталози за самостојни и групни изложби. Tекстови објавува во списанијата Арт Република и Големото стакло. Во 2006 го објавува студискиот текст “Уметност vis a vis политика (Уметност со политичка конотација): Новите тенденции во македонската современа уметност по 80-те”. Организатор и куратор на изложбите: Источни соседи, Утрехт, Холандија (2006); У.С. Експрес, Харлех Интернационално Арт Биенале, (куратор на македонските уметници), Велс (2005); Art Exchange 2004 – Bread and Salt, Сан Педро, Лос Анџелес (2004) и др. Член на AICA Македонија од 2006. (anafrangovska@yahoo.com)


Лилјана Христова (1954, Битола). Дипломирала на Филозофски факултет – Група Историја на уметност во Скопје, 1978 година. Од 1979 година вработена во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости, музеј и галерија Битола на работно место- кустос- советник за современа уметност и три години В.Д.Директор во Уметничка галерија Моша Пијаде во Битола. Член е на Друштвото на Историчари на уметност на Македонија, на Меѓународното здружение на ликовни критичари (AICA), на Македонското научно друштво (МНД) во Битола и член на претседателство на Меѓународното здружение на музеите (ICOM). Директор на НУ Завод и музеј Битола и Магистрант на катедрата за Историја на уметност во Скопје. Има објавено голем број трудови на разни конгреси, симпозијуми во повеќе списанија во Македонија и странство.


Јане Чаловски (1973, Скопје) е уметник, истражувач, и куратор. Дипломирал 1996 на Академија за ликовни уметности на Пенсилванија во Филаделфија, а 1997 и на Бенингтон Колеџ, Вермонт. Студиски престој во Центарот за Современа уметност, Китакијушу, Јапонија (1999-2000), а од 2002-2004 посетува последипломски студиски престој на Академијата Јан Ван Ајк, Мастрихт, Холандија. Во 2011 магистрирал на Универзитетот Ликопинг во Шведска. Во 2004 заедно со уметницата Христина Иваноска го основа “Проектен простор Прес Ту Егзит” кој има за цел да генерира истражувачки проекти во полето на уметноста и кураторските практики. Основач и главен уредник е на списанието за современи цртачки пртактики “Д”, првпат изданено во 2004 година. Има реализрано бројни меѓународни самостојни и групни изложби и проекти, меѓу кои Tate Britain (2010), European Kunsthalle (2009), Манифеста 7 (2008) и други. Како куратор соработувал со институции како ICI (New York, 2010), Association for contemporary art (Graz, 2009), 1:1 project space (Rome, 2008), и други. Живее и работи во Скопје. (yanecalo@gmail.com)


Maja C.

Маја Чанкуловска-Михајловска (1976, Скопје), историчар на уметноста, критичар и куратор. Дипломирала 1999 г. на Филозофскиот факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметноста. Од 2009 работи како кустос во Националната галерија на Македонија, Скопје. Останато работно искуство: 2008-2010 соработник на Мала галерија, Скопје; од 2005 – 2008 работи како надворешен соработник во Музејот на современата уметност, Скопје; 2004-2005 кустос во Музеј на град Скопје; 2003-2005 куратор и проект координатор во Културен центар Точка; 2002-2004 уредник за култура во Студентски збор. Објавува критики во Големото стакло, Форум, Арт Република, Културно радио, Маргина, Старт, Springerin (Австрија), Ph (Русија) и др. Меѓународни активности (избор): асистент-куратор на македонското претставување на 54то Биенале во Венеција, 2011; куратор за визуелна уметност на 14то Биенале на младите уметници од Европа и Медитеранот, Скопје (2009); Visual Imortality (избор), Базел, Швајцарија, 2007; 1-во и 2-ро Биенале на современите визуелни уметности на уметнички од Балканот, Национална галерија, Софија, Бугарија (2003 и 2001); Communication: Experience of Interaction, SCCA, Алмати, Казахстан (2000) и др. Организирала повеќе самостојни и групни изложби. (majacankulovska@yahoo.com)