Борис Буден: Предавање
Контрапункт, 28. 01. 2016, Гем клуб Скопје
Во своето резиме на предавањето Буден истакнува: „Секогаш историзирај!“, уште одамна советуваше Фредрик Џејмсон, проблематизирајќи ја и расправајќи за претпоставката дека историјата треба да биде оној ултимативен хоризонт за разбирање на светот и на нашите акции со кои сакаме да го промениме. Но, како да „историзираме“ во доба кое со гордост се нарекува „пост-историско“? Како да ја откриеме историската логика на феноменот каков што е насилството, ако историјата не е ништо друго туку кошмар од кој за среќа успеавме да се разбудиме?
Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики (www.kontrapunkt-mk.org), во рамки на проектот „Проширено естетско образование“ ве поканува на јавното предавање на Борис Буден, политички филозоф, провокативен критички мислител, насловено како: „Насилството во пост-историското доба“. По предавањето ќе има и дискусија со Борис Буден и Петар Милат.
Повеќе инфо на / More info at: www.kontrapunkt-mk.org