Изложба на Владо Мартек
Национална галерија – Чифте амам
23. 11. – 08. 12. 2015
Гостување и контакт со Владо Мартек насловен Разговор посветен на публиката, вторник, 01. 12. 2015 во Чифте амам
Поет и концептуалист, сликар и есеист Владо Мартек (Загреб, 1951) дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa šestorice autora), со уметнички книги, и aут принт (22 самиздати, летоци, плакати, разгледници). Од почетокот на осумдесеттите се занимава со сликарство, скулптура, графика, ленд арт. Пишува поезија, текстови и критики за ликовни практики. Објавил единаесет книги – од збирки поезија, збирки текстови и инсценирани фотографии, до книги есеи за современата уметност и две коавторски изданија на графички мапи.
Делата на Мартек се наоѓаат во музеи, галерии и приватни збирки, меѓу кои: МоМА во Њујорк; Лудвиг музејот во Виена; Модерна галерија, Љубљана; МСУ, Загреб; во збирката на Рене Блок, Берлин; Збирката на Ерсте банка во Виена; три дела од фазата на концептуалистичката практика се наоѓаат во збирката на Музејот Помпиду во Париз…
Живее и работи во Загреб и Ровињ.
Проектот е од ретроспективен карактер и ја искажува слоевитата поетика на авторот, нејзината севкупност, или уметничкиот случај на Мартек, кој опфаќа епизоди со поезија, сликарство, скулптура, акционизам, публикации од типот самиздат, како и авторски книги, outprint во вид на летоци, агитации, разгледници, како и инсталации, амбиенти, колажи и асамблажи.
На изложбата ќе бидат прикажани околу стотина дела од седумдесеттите, осумдесеттите години …се до оваа деценија со група рецентни творби реализирани во повеќе медиуми.
Куратор на проектот е Викторија Васева