Марина Костова
Монографско издание на Bitsia and Ars Lamina, 2015. Приредила Марина Костова.
“Разновидни аспекти на опусот на Манчевски како филмски автор, фотограф, концептуален уметник и писател во оваа книга се истражени низ продлабочени анализи на осуммина филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметност. За спецификите на филмскиот израз пишува Конор Мекгрејди во ‘Фрагменти, слоеви и временска испрекинатост: Опсервации за филмските дела на Милчо Манчевски‘. Пред дождот го анализираат Ен Киби во ‘Теорија на сликата‘, Ијан Кристи во ‘Бесконечна приказна‘ и Сашо Александар Ламбевски во ‘Чувствувајќи го параноикот, шизото и депресивецот: Семиотичка анализа на емотивната архитектура на Македонија во Пред дождот‘. За Прашина пишуваат Ерик Тангерстад во ‘Кога приказната ја крие приказната: Наративната структура на Прашина (2001) на Милчо Манчевски‘ и Ирис Кронауер во ‘Бришење на Прашина во Венеција‘. Катерина Колозова е автор на анализите ‘Сенки на Манчевски: Сексуалност и меланхолија‘ и ‘За Мајки на Манчевски: Анатомија на мизогинијата‘. За ликовниот опус пишуваат Конор Мекгрејди во ‘Време, нарација и приказ: Делото на Милчо Манчевски во перформанс и фотографија‘, и Соња Абаџиева во ‘Концептуални практики во ликовните наративи на Милчо Манчевски‘.
Една голема збирка архивски факсимили –продукциски белешки, сториборди, писма, лични белешки, рецензии и интервјуа – исто така е дел од книгата, со намера да фрли светло врз процесот на работа на авторот, како и на приемот на неговото дело кај публиката и критиката. Овие архивски материјали, грижливо избрани од морето архивска граѓа, интегрално ја дополнуваат сликата за опусот на авторот.
Дел од книгата се и теориски есеи и проза на Манчевски кои го заокружуваат увидот во неговото творештво.“
Марина Костова
Извадок од предговорот “Само морална обврска“
Монографско издание на Bitsia and Ars Lamina, 2015, 650 страни. Приредила Марина Костова.
PDF копија може да се добие слободно на: manchevski.com/monograph-2/
Печатеното издание (македонската верзија) може да се набави преку: http://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11710
“Various aspects of Manchevski’s work as filmmaker, photographer, conceptual artist and writer are explored in this book through in-depth analysis by nine renowned film theorists, philosophers and art historians.
In ‘Fragments, Layers and Temporal Disruption: Observations on MilchoManchevski’s Work in Film’ Conor McGrady writes about the specifics of Manchevski’s film expression. Before the Rain is analyzed by Ann Kibbey in ‘Theory of the Image’, Ian Christie in ‘Never-Ending Story’, and Sasho Alexander Lambevski in ‘Feeling the Paranoiac, the Schizzo and the Depressive: A Semiotic Analysis of Macedonia’s Emotional Architecture in Before the Rain’. Dust is explored by Erik Tängerstad in ‘When the Story Hides the Story: The Narrative Structure of Milcho Manchevski’s Dust (2001)’ and Iris Kronauer in ‘Wiping Dust in Venice’. Katerina Kolozova is the author of ‘Manchevski’s Shadows: Sexuality and Melancholy’ and ‘On Manchevski’s Mothers: An Anatomy of Misogyny’. Conor McGrady’s ‘“Time, Narrative and Representation: Milcho Manchevski’s Work in Performance and Photography’ and Sonia Abadzieva’s ‘Conceptual Practices in the Art Narratives of Milcho Manchevski’ concern his work in photography and conceptual art.
A wide selection of archival facsimile – of production notes, storyboards, letters, personal notes, reviews and interviews – is also part of this book with the intention to shed light on Manchevski’s work processes, as well as on how his work was receivedеd by the audiences and critics. This archival material, meticulously selected from a wealth of sources, is integral to understanding Manchevski’s oeuvre. Manchevski’s own theoretical essays and fi ction are also part of the book, completing this collection of diverse insights into his work.”
Marina Kostova
Excerpt from the introduction Just a Moral Obligation
Monograph published by Bitsia and Ars Lamina, 2015, 650 pages. Edited by Marina Kostova.
A PDF copy of the monograph Manchevski can be downloaded for free here (view it as double page):
manchevski.com/monograph-2/
A hard copy of Manchevski Monograph (the Macedonian version) available in an online shop:
http://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11710
Related